Екипата на Локомотива за која настапува репрезентативката на Македонија, Андреа Седлоска претрпе нов пораз во Лигата на Европа откако на гостувањето кај Сола загуби со 18:25.
Средбата донесе две различни полувремиња во кои тимот на Локомотива имаше два гола негатива, 11:13. Сепак, во вториот дел веќе не можеше да се следи.
Седлоска на овој дуел постигна три гола со кои беше меѓу најефикасните во својата екипа. Одработи солидна средба, но тимот од Загреб и после три одиграни натпревари е без бодови.
На денешниот дуел одигран во Норвешка, поранешната ракометарка на Вардар, Камила Херем реализираше четири од петте удари упатени кон голот на гостинките.