Женската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за претстојното Европско првенство што ќе се игра во нашата земја, Словенија и Црна Гора.
Противници на девојките на Љубомир Савевски ќе бидат селекциите на Холандија, Романија и Франција. Андреа Седлоска беше дел од ждрепката во Љубљана и ги искажа своите очекувања.
„Ова ЕП ќе биде голем настан за нас. Прво затоа што играме дома во Скопје, град во кој сите се луди за ракомет, второ затоа што по долго време играме на голем настан и сакаме да оставиме трага. Момците веќе направија некои големи нешта, но сега е нашата шанса да го дадеме максимумот и да покажеме што можеме“, изјави Седлоска.
ЕП ќе се одржи од 4 до 20 ноември, во Скопје, Подгорица, Љубљана и Целје.
Не можеше полошо: Македонија на ЕП против Холандија, Романија и Франција!