СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Трилер во Будимпешта, Ѓер дури по 70 минути успеа да го победи Вардар (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од финалето на женската Лига на шампиони во сезоната 2016/2017, одигран ан 8 мај 2017 година во Будимпетша, кога ракометарките на Вардар загубија од Ѓер со 31-30 по големи возбудувања и во регуларниот дел и во продолженијата...