СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Пред 32 години Пелистер и Металопластика, 60 минути се надигруваа, на крај се истепаа (ВИДЕО)

Натпреварите во тогаш салата „Младост“ во поранешна Југославија секогаш беа во центарот на вниманието, а ретко кој тим можел да се пофали дека си заминал од Битола со победа. И средбата меѓу Пелистер и Металопластика одиграна во 1988 година беше таква, а истата имаше неславен крај. Екипата на Пелистер имаше 26:25, а потоа на 3-4 секунди до крајот Веселин Вујовиќ реализираше за нерешени 26:26. Одеднаш настана мешаница и општа тепачка во која не се знаеше кој кого удира. Се работеше за голема тепачка во која подебелиот крај го извлекоа гостите, но средбата беше прекината поради напад над гостинските ракометари, а мечот имаше епилог на зелената маса во Ракометниот сојуз на Југославија. Како изгледаше натпреварот одигран во 1988 година и што се случуваше можете да погледнете во продолжение.