СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Пред 18 години, кога „крцаше“ салата во Богданци – Младост против ТК Бренд (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Младост Богданци и Тутунски Комбинат Бренд од сезоната 2001/2002. Тоа беа златните времиња на тимот од Богданци, кога ниту една од екипите на ТК Бренд, Вардар, Пелистер, Металург, Струга...не сакаше да гостува на жешкиот терен, кога салата „Млаз“ беше претесна за сите љубители на ракометот. За Младост на овој дуел играа Гигов, Лашкоски, тројцата Арнаудови, Роглев, Банцалиски, Стоилов, Сичов...додека за гостите од Прилеп играа Шокоски, Колев, сегашниот селектор Брестовац,, Орде Илиоски...На крајот победата остана дома и Младост победи со 27-26.