СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Незаборавна вечер во Скопје – Металург ја сруши големата Барселона (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Металург и Барселона од сезоната 2013/2014 кога каталонскиот гигант со ракометари како Карабатиќ, Лазаров, Ентрериос, Сорендо, Томас, Нодесбо....беше поразен во Скопје. Гледајте и уживајте!