СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Металург го „избриша подот“ со ПИК Сегед – Парондо, Балог, Лархолм не можеа против Станиќ (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме првиот натпревар од квалификациите за место во ЛШ одигран на 28 август 2013 година меѓу Металург и ПИК Сегед. Тогаш тимот од Автокоманда под водство на Лино Червар од клупата, а на теренот предводен од Дарко Станиќ, Наумче Мојсовски, Ренато Вугринец, го разнесе унгарскиот тим со десет разлика, 26-16. Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо, тогаш беше активен играч, но ниту тој, ниту Жолт Балог, ниту Ференц Илјеш, ниту Габор Анчин, не можеа ништо против Станиќ на голот на Металург....