СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Магиите на „женскиот Ивано Балиќ“ од Кометал – Јелиз Озел (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска одбравме една комилација со најдобрите потези на „женскиот Ивано Балиќ“ - Јелиз Озел, кој три сезони го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров.