СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Како Вардар ја запре Барса со Штербик, Карабатиќ, Лазаров…(ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од групната фаза во Лигата на шампиони во сезоната 2013/2014, одигран пред седум години на 21 септември во СЦ „Борис Трајковски. Тогаш Вардар под водство на Зоран Кастратовиќ имаше шанса да ја победи Барселона, но на крајот мораше да се задоволи со бод против Арпад Штербик, Никола Карабатиќ, Кире Лазаров...