СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Драма до последната секунда во Келн – страшната Барса падна пред Вардар (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017 меѓу Вардар и Барселона. Во драматичен натпревар славеше македонскиот, а подоцна и европски првак, со 26-25. Лука Циндриќ погоди во последните секунди за триумф и пласман во големото финале. Чупиќ и Душебаев дадоа по седум гола за Вардар, а во Барса најдобар беше нашиот Лазаров со шест погодоци.