СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Денот кога градското дерби меѓу Металург и Вардар стана европско (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од групната фаза во Лигата на шампиони во сезоната 2013/2014, одигран пред седум години на 14 ноември во СЦ „Борис Трајковски“ меѓу Металург и Вардар. Тоа беше историски ден за нашиот ракомет, со оглед на тоа што двете македонски екипи играа една против друга во елитната европска конкуренција. На крајот Вардар славеше со 22-27. Гледајте и уживајте...