СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Вардарово чудо во Скопје, ПИК Сегед не знаеше што го снајде! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу тогаш „прежалениот“ Вардар и ПИК Сегед во Скопје, кој нашиот првак го доби со 31-23, предност што беше доволна за пласман на завршниот турнир во Келн.