СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Битола гореше, Пелистер се бореше со Лемго за финале во ЕХФ Купот (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме видео со најинтересните моменти пред, за време, и по натпреварот меѓу Пелистер и Лемго, на кој битолскиот тим испушти голема шанса за финале во ЕХФ Купот.