Тимот на Тегел, кој се натпреварува во регионалните лиги на Германија, ќе има познати имиња на клупата. Роландо Уриос Фонсека и Алберто Чемберс Монталво ќе го предводат тимот во обидот да напредува ранг погоре.
Роландо Уриос Фонсека кој во сезоната 1997/98 играше за Веспрем, а потоа и за Иври од 1998 до 2001 година, пред да потпише со тогашниот најдобар клуб во Шпанија, Сиудад Реал. Со шпанскиот клуб го освои Купот на победниците на куповите во 2002 и 2003 година, а потоа и Лигата на шампионите во 2006, 2008 и 2009 година.
49-годишниот Уриос Фонсека е роден во Куба и беше најдобар стрелец за репрезентацијата на Светското првенство во 1999 година, а исто така има и пет медали од Пан-Американските игри. Фонсека подоцна играше и за репрезентацијата на Шпанија, со која стана светски правак во 2005 година, а една година потоа го освои сребрениот медал на Европското првенство.
Фонсека по завршување на играчката кариера ја започна неговата тренерска кариера во втрориот тим на Сиудад Реал, а предводеше уште неколку помали клубови во Шпанија.
Вториот Кубанец кој ќе го сочинува тренерскиот пар со Фонсека, Алберто Чемберс Монталво има настапувано во Иври и Фуксе Берлин во периодот кога „лисиците“ играа во втората Бундес лига. Првото тренерско искуство Моталво го има во шпанскиот клуб Антекера.