Белорусинот Роман Колеснев има интересна приказна за развојот на неговата спортска кариера. Тој уште во училишните денови започнал да игра фудбал, но под влијание на тогашниот тренер се префрлил на ракомет.
Неговата ракометна кариера е доста успешна, Колеснев има настапувано за најдобриот тим од Белорусија, Мешков Брест пред да одлучи да стави крај на ракометната кариера и да стане професионален футсал играч.
По разделбата со Мешков во 2013 година, Колеснев не сакал да продолжи во друг клуб во пониските лиги што било причина да jа прекине игрчката кариера. Само после шест месеци негов пријател го повикал да проба да игра футсал во клубот Спарта. Уште во првата сезона имал одличен успех со тимот кога го освоиле вторто место во лигата на Белорусија. Но екипата по две години се распаднала.
Колеснев за времето поминато во Мешков има констатација дека странците во екипата се повеќе почитувани од домашните играчи, што според него не би требало да биде така.
„Додека играв во Мешков Брест имаше многу странци и не ми беше јасно зошто тие се повеќе почитувани од Белорусите. Секој кој играл надвор од Белорусија ќе ви каже дека побарувачката за странски играчи е голема, тие се платени многу повеќе и се одговорни за резултатите на екипата. Додека играв во Брест сè беше поинаку, не знам од која причина постојано Белорусите беа виновни додека странците никој не ги обвинуваше“, рече Колеснев.
Колеснев како ракометар играше на позицијата лево крило, а откако започна да игра футсал ја смени позицијата од играч во поле во голман.