Според пишувањата на португалскиот портал „О Жого“, нов тренер на екипата на Бенфика ќе биде Хавиер Гонзалес, кој моментално работи како помошен тренер во ПСЖ, кој е предводен од неговиот сонародник Раул Гонзалес.
Хавиер Гонзалес за сезона 2018/19 беше еден од кандидатите за нов тренер на Вардар, откако македонскиот шампион не ја продолжи соработката со Раул.
Сепак раководството на ,,црвено-црните” го ангажираше Роберто Гарсија Парондо. Во споменатата сезона Хавиер Гонзалез имаше понуда и од романскиот шампион Динамо Букурешт.
Во текот на 2018 кога неговиот брат Раул го презеде кормилото на ,,светците”, тој стана помошен тренер и десна рака на екс предводникот на Вардар.
Во својата кариера го предводеше тимот на Ли Риоха, клуб со кој имаше забележителни резултати во Асобал лигата и на европска сцена.
Како што е веќе познато, раководството на Бенфика за следната сезона е во потрага по нов тренер, бидејќи актуелниот предводник Чема Родригез нема да го води клубот во следната сезона.