Свири песни од Оливер Драгоевиќ и Битлси за главата да не му отиде во лош правец

Седењето во карантин покажа многу квалитети кои спортистите ги поседуваат покрај играњето, а еден од ракометарите кои можат да се пофалат дека покрај за ракомет ги бидува и за свирење е хрватскиот репрезентативец Лука Степанчиќ.

„Седам дома и чекам убави вести. Сега свирамклавир. Тоа ми е еден од начините за да ја одржам мојата глава на вистинско место. Само така можам да ја задржам да не отиде во погрешен правец. Сакам да ги свирам Оливер Драгојевиќ и Битлси, но и класичната музика. Тоа ме опушта“, вели десниот бек од Хрватска.

Ракометарот на Пик Сегед со ова доби можност да го усоврши свирењето на клавир, па после паузата сигурно ќе може и да ги забавува повеќе клупските колеги.

„Сега свирам многу клавир, но не толку повеќе од вообичаеното. Времето во Унгарија е убаво, а мерките се благи, па често одиме со синот во прошетка во природа. Сепак, свирам колку што ќе успеам да стигнам. Во Загреб немав толку време за да свирам, но кога дојдов во Париз тогаш имав повеќе време. Таму луѓето се дружат помалку. Си купив клавир и почнав да свирам. Ми требаше време, но успеав. Заземаше многу место при селењето подоцна, но најголем проблем е како да го внесете во зграда“, вели Степанчиќ.

Се работи за еден од подобрите десни бекови, а во моментов е прв избор на десен бек во репрезентацијата на Хрватска.