Свечено отворен меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Охрид 2023 – Отворање

Вечерва во СРЦ „Билјанини Извори“ беше свечено отворено второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“. Со учество на осум екипи - четири од Македонија (Охрид, Голден Арт, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер) и исто толку од странство (Олимпијакос, Бешикташ, Татран, Металопластика) вторпат ќе му се оддаде почит на легендарниот стратег. На отворањето градоначалникот Кирил Пецаков, им додели плакети на внуците Крсте и Даниел Андоновски, кои го носат дресот на Охрид.