Светско првенство: Холандија, Русија и Шпанија тргнуваат со максимум

Утре стартуваат битките од втората рунда на Светското првенство во Јапонија, а тоа значи дека почнуваат главните битки после кои ќе се знаат имињата на екипите кои ќе разигруваат за титулата. Од вториот круг се оди во полуфинале, па затоа секој бод е важен.

Од првата фаза на СП се пренесуваат исто така поени, а со максимум влегува Холандија во првата група и Русија и Шпанија во втората. Сепак, ништо не е решено и мора до крај да се одигра квалитетно ако се сака место во полуфиналето.

Четири бода не значат ништо барем засега и секој нов меч е нов испит и нов предизвик за сите репрезентации кои останаа на Мундијалот во трката за полуфинале.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

ВТОРА ФАЗА, ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

ГРУПА 1

07:00ч

СРБИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА

10:00ч

ГЕРМАНИЈА – ХОЛАНДИЈА

12:30ч

НОРВЕШКА – ДАНСКА

ТАБЕЛА: 1. Холандија 4 бода (66:51); 2. Германија 3 (53:52); 3. Норвешка 2 (56:55); 4. Јужна Кореја 2 (53:53); 5. Данска 1 (51:52); 6. Србија 0 (48:64).

ГРУПА 2

07:00ч

РОМАНИЈА – РУСИЈА

10:00ч

ЦРНА ГОРА – ЈАПОНИЈА

12:30ч

ШПАНИЈА – ШВЕДСКА

ТАБЕЛА: 1. Русија 4 бода (63:45); 2. Шпанија 4 (58:42); 3. Шведска 2 (56:56); 4. Црна Гора 2 (53:53); 5. Романија 0 (42:58); 6. Јапонија 0 (49:67).