Во последното коло од Втората фаза на Светското првенство во Јапонија репрезентацијата на Норвешка дојде до победа против Германија со што си обезбеди полуфинале, а воедно ја однесе Србија во битка за 5. место.
Ова беше важен резултат за Србинките бидејќи со него успеаја да се најдат во квалификациите за Олимписките игри така што дефинитивно е јасно дека ќе имаат шанса да се борат за следното лето одново да дојдат во Токио.
Истото важи и за Црна Гора. Оваа селекција ја совлада Шведска и си обезбеди исто така сигурно место во квалификациите за Олимписките игри.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО (ВТОРА ФАЗА)
ГРУПА 1
ЈУЖНА КОРЕЈА – ХОЛАНДИЈА 33:40 (16:23)
СРБИЈА – ДАНСКА 26:26 (14:11)
НОРВЕШКА – ГЕРМАНИЈА 32:29 (17:16)
ТАБЕЛА: 1. Норвешка 8 бода (146:128); 2. Холандија 6 (153:136); 3. Србија 5 (139:151); 4. Германија 5 (135:136); 5. Данска 4 (123:124); 6. Јужна Кореја 2 (144:165).
ГРУПА 2
ШПАНИЈА – РУСИЈА 26:36 (12:16)
РОМАНИЈА – ЈАПОНИЈА 20:37 (8:18)
ЦРНА ГОРА – ШВЕДСКА 26:23 (12:12)
ТАБЕЛА: 1. Русија 10 бода (161:117); 2. Шпанија 7 (145:137); 3. Црна Гора 6 (137:137); 4. Шведска 5 (141:132); 5. Јапонија 2 (143:150); 6. Романија 0 (102:156).