Светско првенство: Германија, Шпанија и Црна Гора во одличен ритам

После првите две гола во Групите Б и Ц на Светското првенство во Јапонија селекциите на Германија, Шпанија и Црна Гора покажаа најмногу односно имаат максимални четири бода со што најавија битка за висок пласман и се на чекор од влез во следната фаза.

Трите репрезентации одработија според план и денеска, но затоа имаше интересни дуели на кои имаше поделба на пленот.

Франција во првиот дуел од програмата ремизираше со Бразил во тврд меч со само 38 гола, а денот исто така беше затворен со реми меѓу Јужна Кореја и Данска со 26:26.

Во текот на ноќта по македонско време се игра првиот дуел од Групата А меѓу Куба и Србија, а утре ќе биде комплетирано 2. коло со средбите од А и Д групите.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ГРУПА А

ПОНЕДЕЛНИК, 2  ДЕКЕМВРИ

04:30ч

КУБА – СРБИЈА

07:00ч

АНГОЛА – ХОЛАНДИЈА

12:30ч

СЛОВЕНИЈА – НОРВЕПШКА

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 2 бода (47:16); 2. Србија 2 (32:25); 3. Словенија 2 (32:26); 4. Холандија 0 (26:32); 5. Ангола 0 (25:32); 6. Куба 0 (16:47).

ГРУПА Б

БРАЗИЛ – ФРАНЦИЈА   19:19 (7:10)

АВСТРАЛИЈА – ГЕРМАНИЈА       8:34 (4:16)

ЈУЖНА КОРЕЈА – ДАНСКА           26:26 (13:10)

ТАБЕЛА: 1. Германија 4 бода (64:32); 2. Данска 3 (63:38); 3. Јужна Кореја 3 (55:53); 4. Франција 1 (46:48); 5. Бразил 1 (43:49); 6. Австралија 0 (20:71).

ГРУПА Ц

КАЗАХСТАН – ЦРНА ГОРА           21:30 (11:13)

СЕНЕГАЛ – РОМАНИЈА 24:29 (12:15)

ШПАНИЈА – УНГАРИЈА 29:25 (18:13)

ТАБЕЛА: 1. Шпанија 4 бода (60:41); 2. Црна Гора 4 (59:46); 3. Унгарија 2 (64:44); 4. Романија 2 (45:55); 5. Сенегал 0 (49:58); 6. Казахстан 0 (36:69).

ГРУПА Д

07:00ч

АРГЕНТИНА – РУСИЈА

10:00ч

КОНГО – ЈАПОНИЈА

12:30ч

КИНА – ШВЕДСКА

ТАБЕЛА: 1. Русија 2 бода (26:11); 2. Шведска 2 (26:16); 3. Јапонија 2 (24:20); 4. Аргентина 0 (20:24); 5. Конго 0 (16:26); 6. Кина 0 (11:26).