Светското првенство за кадетки што требаше да се одржи во Хрватска од 29 септември до 11 октомври, ИХФ го одложи.
Новиот термин за ова натпреварување би требало да биде во декември, од 1 до 13 декември на истата локација.
Во исто време во Романија на програмата е светското првенство во младинска женска конкуренција, како и Европското првенство за сениорки во Данска и Норвешка.
ИХФ претходно го одложи и Светското клупско првенство, кое требаше да се одржи во октомври во Саудиска Арабија, а новиот термин ќе биде познат наскоро.