Селекцијата на Данска која пред две години ја освои титулата Светски првак на домашен терен стартуваше со победа на Мундијалот во Египет против составот на Бахреин со 34:20.
Ова беше очекуван триумф, а натпреварот еден од оние за кои и нема што посебно да се издвои.
Откако првите неколку минути донесоа мала каква-таква неизвесност продолжението мина во знакот на Данците кои на полувреме имаа 19:10.
Нема потреба ниту некој да се издвојува бидејќи сите дадоа свој придонес, се загреаја за овој Мундијал за потешките средби, а воедно и си освоија два планирани поени. На теренот не се случи ништо непредвидено така што ова беше само демонстрација на моќта на составот кој ја брани титулата освоена пред две години на домашен терен.
Бахреин, пак, рано капитулираше и шансата за бодови ќе може да ја бара на некој од следните натпревари. Воедно Бахреин го има и највисокиот пораз после првиот круг на шампионатот.