Пред утрешните четврт-финални дуели за репрезентацијата која ја брани титулата стигнаа добри вести откако најдобриот играч, Микел Хансен доби дозвола за настап откако се чувствува далеку подобро.
Хансен не играше на последните две средби поради инфекција на желудникот. Имаше сериозни проблеми, па мораше да одмори.
Самиот вели дека се чувствува далеку подобро и дека ќе може да им помогне на колегите на средбата против Египет на која нема поправен и мора да се одработи максимално.
„Се чувствувам многу подобро. Првпат после речиси една недела спиев нормално цела ноќ. Беше убаво да се разбудам од будилник, а не од внатрешниот будилник кој ме будеше со денови“, вели Хансен.
Репрезентацијата на Данска утре од 17:30 часот во првиот натпревар од четврт-финалето се среќава со селекцијата на Египет.