Како изгледаат нозете на најповредуваната ракометарка? (ФОТО)

Норвежанката Нора Мерк е најнесреќната ракометарка кога се во прашање повредите, а сигурно и најповредуваната. Во последните сезони таа почесто е повредена отколку што е на терен.

На почетокот на сезоната Мерк се врати од повреда после 14 месеци пауза, но на првиот настап за својот клуб ЧСМ Букурешт повторно се повреди и ја очекува долга пауза. По три месеци рехабилитација таа веќе работи со лесни тренинзи.

Лузните од операциите се потврда колку Мерк имала проблеми со повредите во кариерата. Таа на социјалните мрежи објави фотографија од своите нозе каде што може да се забележат огромен број резови од интервенциите на лекарите. Колку тоа изгледа страшно е потврда и нејзиноно категоризирање на сликата со 18+.

Погледнете…