По ремито на домашен терен против Келце во осмото коло од Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар ги чека реванш против истиот ривал на терен на кој немаат ниту една победа во историјата.
Згора на се, во Скопје поради повреда остана главниот шутер од бековската линија, Даинис Кристоппанс, па задачата на европскиот првак да се врати со позитивен резултат од Полска уште повеќе е усложнета.
Вторпат на сцена треба да стапи „СВЕТОТО ТРОЈСТВО“, како што ги нарече Тим О’бранаган – Тимур Дибиров, Сташ Скубе и Иван Чупиќ. Тројцата искусни ракометари, го изнесоа товарот на бековската линија на првиот меч против Келце.
Судејќи по резултатот, не смеат да бидат потценети нивните можности од оваа позиција, ова особено важи за Дибиров и Чупиќ, кои се крилни ракометари. Но Талант Душебаев сигурно нема повторно да препушти ништо на случајноста и ќе подготви соодветна противигра за бековската тројка на Вардар.
Иако и Кристијан Дисингер и Павел Атман ќе бидат дел од ростерот на Вардар, малку е веројатно дека ќе играат во поголем дел од натпреварот, па сигурно Дибиров, Скубе и Чупиќ ќе го имаа главниот збор.
Како сетоа тоа ќе изгледа на теренот по третпат во серија по оние два меча во Скопје, останува да видиме в сабота со почеток во 18:00 часот.
That was the most amazing game I have seen in a long time. 3 of three smallest men in handball Dibirov, Skube and Cupic become the Holy Trinity in Vardar. Ends even. Madness at times. Edge of the seat stuff. Classic. See you next week over in Poland for return #VARKCE Can’t wait
— Tom 🅾️ Brannagáin (@obrannt) November 9, 2019