Полската федерација го објави календарот за претстојната сезона, во која одново главниот збор ќе го водат Келце и Висла Плоцк.
Првенството ќе започне на 30 август, а првиот дел од „светата војна“ меѓу Келце и Висла Плоцк ќе се игра на 11 ноември.
Реваншот од регуларниот дел ќе мине на теренот во Плоцк на 20 март следната година, но нема да ја реши титулата.
Во полскиот шампионат по три сезони пауза се враќа плеј-оф разигрувањето, па Келце и Плоцк би можеле да се сретнат уште најмалку два пати.
Шампионот ќе биде познат на крајот на мај.