Утринава хрватскиот главен град Загреб нешто после 06:00 часот, го погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер со епицентар кај Маркушевац и Кучерје.
После тој земјотрес, имаше два посилни кои се почувствуваа многу силно во Загреб и околината, еден со магнитуда 5 и еден со магнитуда 3.7.
Во хрватскиот првак Загреб настапува македонскиот репрезентативец Ненад Костески, кој беше во својот дом.
„Фала му на Бога, добро сум. Земјотресот беше околу 06:30 часот и нè дигна од кревет. Потоа имаше уште два кои се почувствуваа“, вели Костески за 24Ракомет.
Има причинета голема материјална штета во хрватската престолнина, а според пишувањата на тамошните медиуми има заробени лица под урнатините.