Македонската репрезентативка Сања Дабевска во претстојната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Таа се враќа во Романија и ќе го облече дресот на Униреа Слобозиа, тим што игра во второлигашката конкуренција, но со прволигашки амбиции.
Дабевска минатата сезона имаше одлични партии и ги бранеше боите на Локомотива Загреб и ПАОК Солун, каде што освои шампионска титула, а со хрватскиот тим беше дел и од Лигата на шампионите.
Пивотот претходно беше дел од Четате Дева, па трансферот во Униреа ќе биде камбек во романскиот шампионат.
Дабевска во Македонија играше за Металург, Куманово и Пелистер, а беше дел и грчкиот Јонијас и унгарскиот Дунајварош.