Македонскиот вицепрвак Куманово по продолжувањето на договорите со Ива Николовска и Тамара Ивановска, денес официјално објави дека е продолжена соработката со уште една ракометарка.
Станува збор за кружниот напаѓач Сара Цветановска, која потекнува од школата на Куманово и која игра клучна улога во тимот на Драгана Ристова.
Цветановска остана верна на својот матичен клуб и потпиша нов договор, кој ќе биде со важност до 2024 година.
20 годинашната ракометарка уште од сезона 2017/18 настапува во сениорска конкуренција. Со тимот од Куманово во пет натпреварувачки сезони играше на европска сцена.