Сара Стефаноска освои две индивидуaлни награди на младинскиот Ф4

Покрај пехарот за освеното прво место во младинска конкуренција со Вардар, левиот бек на вардарки, Сара Стефаноска освои плус уште две индивидуални награди. Вардар со 32-29 гопобеди Ѓорче Петров во финалето на младинскиот Ф4.

Сара Стефаноска беше прогласена и за најдобар играч, и плус за најдобар стрелец со 17 постигнати гола. Наградата за најдобар голман отиде во третопласираниот тим на Шампион, односно за Ема Кирова.

Во Ол стар тимот на Ф4 турнирот имаше дури четири ракометарки на Вардар, две од Ѓорче Петров и една од Шампион.

Младинските на Вардар ја освоија младинската титула во Македонија откако во финалето на Ф4 турнирот го победија Ѓорче Петров со 32-29 (14-16). Ова е прв триумф на „црвено-црните“ сезонава, а сениорките играа во финалето на Купот.
Во натпреварот за третото место Шампион го победи Металург со 24-16.

Ф4 за младинки:
Најдобар играч – Сара Стефаноска – Вардар
Најдобар голман – Ема Кирова – Шампион
Најдобар стрелец Сара Стефаноска (Вардар) – 17 гола

Олстар тим на Ф4 турнирот
голман: Ема Кировска (Шампион)
лево крило: Јана Равојска (Вардар)
лев бек: Сара Стефаноска (Вардар)
среден бек: Бојана Коцева (Вардар)
десен бек: Теодора Дукоска (Ѓорче Петров)
десно крило: Бојана Радевска (Вардар)
пикер: Анастасија Трпевска (Ѓорче Петров)