Сара Ристовска со ново признание, повторно има Топ 5 гол во ЛШ (ВИДЕО)

Ракометарката која игра на позицијата десно крило и е дел од тимот на ЦСКА Москва, Сара Ристовска уште еднаш си обезбеди место меѓу оние кои ги имаат најубавите погодоци во колото во Лигата на шампионите. Ристовска овој пат е на позицијата број 5, а се најде во друштво на Фрида Ронинг (Борусија Дортмунд), Кристине Брејстол (Есбјерг), Бруна де Паула (Мец) и Јулија Манагарова (Ростов Дон).