Во Супер лигата на Русија во женска конкуренција продолжуваат возбудувањата. ЦСКА Москва, клуб во кој настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, беше поразена на гостински терен од Лада Тољати со резултат 31:29.
Ракометарките на ЦСКА Москва одиграа просечен натпревар, а домашната екипа во текот на целиот натпревар го контролираше резултатот. На полувреме Лада Тољати имаше предност од три голови, 15:12.
Сара Ристовска одигра солидна партија и заедно со нејзините колешки, Дариа Дмитриева и Екатерина Илина беа најефикасни во екипата од Москва со по пет погодоци. Во екипата на Лада Тољати се истакна Валериа Кирдашева со седум погодоци.
Овој пораз беше трет за ЦСКА Москва и во овој момент екипата падна на третото место на табелата. Во игра за второто место се четири екипи, ЦСКА Москва, Лада Тољати, Астраханочка и Звезда Звенигород.
Следен предизвик за ЦСКА Москва и Сара Ристовска е натпреварот против Будуќност во рамките од Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се игра во Москва на 7 февруари со почеток од 14 часот.