Тимот на ЦСКА Москва предводен од македонската репрезентативка Сара Ристовска забележа нова победа во рускиот шампионат.
ЦСКА Москва славеше во Мајкоп кај АГУ Адиф со 36-28, а победата беше обезбедена уште по првиот дел, кога гостинките водеа со 19-12.
Ристовска беше најдобра на теренот и за само 29 минути на теренот, успеа да постигне осум голови од девет обиди.
ЦСКА Москва сега има 20 победи на 20 натпревари, а следен предизвик ќе има во јануари на домашниот натпревар со Балтиска Зорја.