Репрезентативката на Македонија која ќе биде дел од завршниот турнир во ЛШ во женска конкуренција на 29 и 30 мај во Будимпешта, Сара Ристовска се најде во потесниот избор за најдобро десно крило сезонава.
Таа е во трка со уште пет ракометарки, а веќе беше поставена на највисокот место во изборот на новинарите. Во трка заедно со неа се и: Јованка Радичевиќ (Будуќност), Јулија Манагарова (Ростов Дон), Јана Кнедликова (Кристијансанд), Марит Јакобсен (Есбјерг) и Викторија Лукач (Ѓер).
Сега може да гласаат и фановите, а тоа значи дека секој може да го даде својот глас.
Тоа можете да го направите на следниот ЛИНК.