Конфликтот во кој се најдоа поранешниот лидер на судиите во ИХФ, Шпанецот Рамон Гаљего и претседателот д-р Хасан Мустафа продолжува и понатаму и добива статус на сапуница бидејќи секој ден излага ново соопштение или изјава во кое секој има што да каже како одговор на претходното.
Новиот коментар доаѓа од Гаљего, кој и понатаму не може да се помири со фактот дека мораше да се повлече од функцијата која ја извршуваше во последните години поради мешањето во неговата работа од страна на претседателот на ИХФ.
„Во официјалното соопштение, ИХФ нагласува дека подеднакво верува во неутрелноста на своите судии, а потоа се коси самиот со себе тврдејќи дека се неопходни ограничувања за назначување на судии. ВО правилата на ИХФ не постои концепт за ‘регион’ односно критериум кој би значел принавање дека судиите не се неутрални.
Сите судии на ИХФ се чесни и независни. Тие се само арбитри и никој не може да се сомнева во ова. Треба да им биде дозволено да работат на кој било друг натпревар освен кога игра нивната репрезентација. Верувам дека мислењата на претседателот на ИХФ или шефовите на националните федерации не можат да бидат причина за да се оспори чесноста на судиите. Оваа врата мора да биде затворена засекогаш.
Доколку првиот човек на ИХФ реагира на овој начин на жалба од незадовона партија тогаш ја доведува во прашање чесноста на сите негови судии. Таквите поплаки потоа можат да бидат разгледани по секоја средба“, вели Гаљего кој пред неколку дена се повлече од позицијата „прв судија“ во ИХФ.
Сигурно и ова нема да биде крај на паметувањата на двете страни така што сапуницата ќе има уште некое продолжение.