Сан Франциско оди на Супер глоуб – познати се шест учесници

Тимот на Сан Франциско од САД, ќе биде претставник од Северна Америка и Кариби на претстојниот Супер Глоуб во октомври.

На квалификацискиот турнир одржан во Порто Рико, учествуваа уште два домашни клуба – Касике Де Палмер и Гериљерос, како и мексиканскиот Кракенс.

Сан Франциско имаше три победи во групната фаза, а потоа во финалниот натпревар го победи домашниот Касике Де Палмер со 33-27.

На Супер Глоуб што ќе се игра од 17 до 23 октомври, покрај Сан Франциско, ќе играат уште 11 тима, а познати се шест.

Тука се бранителот на титулата, Магдебург, кој стана и европски првак, па местото од Европа го добива финалистот на Лигата на шампионите – Келце.

Африканскиот првак Ал Ахли и азискиот Ал Наџма, како и шампионот на Јужна и Централна Америка, Сан Фернандо, исто така обезбедија место на Супер Глоуб.