Шпанскиот репрезентативец Раул Ентрериос ова лето ќе ја заврши играчката кариера, а му останува уште круната со настапот на Олимписките Игри во Токио.
Ентрериос веднаш по завршувањето на ииграчката кариера, ќе започне и со тренерска кариера.
41-годишниот Шпанец ќе работи со кадетската екипа на Барселона и ќе им го пренесува искуството на младите таленти.
Од летото 2010 година, Ентрериос беше дел од Барселона со која освои 11 титули во Асобал лигата, 8 трофеи во Купот на Шпанија, пет титули на Супер Глоуб и три европски шампионски титули.