Веднаш по завршувањето на Европското првенство 2020, беше најавено наредното Европско првенство и беше претставено логото.
Европското првенство во 2022 година ќе се одржи во две земји домаќини, а тоа ќе бидат Словачка и Унгарија. Официјалното лого на првенството е дизајнирано во боите на знамињата на домаќинот – црвена, зелена, бела и сина.
„Сакаме да им приредиме на навивачите ширум Европа нешто повеќе од обичен спортски настан, се надеваме фантастичен настан“, Саболц Биро претседател на федерацијата на Унгарија.
Европското првенство ќе се игра во пет градови, Братислава и Кошице во Словачка. Дебрецен, Сегедин и Будимпешта ќе бидат домаќини во Унгарија. Натпреварувањето ќе се одржи во периодот од 13 јануари до 30 јануари 2022 година.