Само Шпанија и Шведска успеале да одбранат титула на ЕП

После Шведска која успеваше двапати да ја одбрани титулата односно три години по ред да доминира на Европските првенства во 1998, 2000 и 2002 година, Шпанија стана втората земја на која и успеало да се искачи двапати по ред на највисокото место на тронот.

Практично Шпанците се вторите на кои им успева да одбранат титула на Европско првенство и да покажат дека можат двапати по ред да слават на големото натпреварување.

За разлика од претходното кога во Хрватска добија само титула сега си обезбедија и директно место на Олимписките игри во Токио.

Вчера ја совлада Хрватска со 22:20 и се сместија во историјата бидејќи Шпанија е само втората селекција која одбранила златен медал на ЕП.

СИТЕ ДОСЕГАШНИ ФИНАЛИЊА НА ЕВРОПСКИТЕ ПРВЕНСТВА

ГОДИНА-ДОМАЌИН    ФИНАЛЕ

1994-Португалија         ШВЕДСКА – РУСИЈА               34:21

1996-Шпанија              РУСИЈА – ШПАНИЈА                23:22

1998-Италија               ШВЕДСКА – ШПАНИЈА             25:23

2000-Хрватска             ШВЕДСКА – РУСИЈА                32:31

2002-Шведска             ШВЕДСКА – ГЕРМАНИЈА            33:31

2004-Словенија            ГЕРМАНИЈА – СЛОВЕНИЈА         30:25

2006-Швајцарија          ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА             31:23

2008-Норвешка            ДАНСКА – ХРВАТСКА               24:20

2010-Австрија              ФРАНЦИЈА – ХРВАТСКА           25:21

2012-Србија                 ДАНСКА – СРБИЈА                   21:19

2014-Данска                ФРАНЦИЈА – ДАНСКА               41:32

2016-Полска                ГЕРМАНИЈА – ШПАНИЈА            24:17

2018-Хрватска             ШПАНИЈА – ШВЕДСКА              29:23

2020-Авс,Нор,Шве        ШПАНИЈА – ХРВАТСКА             22:20