Спортската сала во романскиот град Бакау ќе го носи името на поранешната ракометарка на Кометал ЃП, Нарциса Лекушану, која и понатаму е активна во ракометот, но во сосема друга улога.
Одлуката за нејзино преименување ја донесе министерството за млади и спорт во Романија, кој во рамки на националниот проект за промена на имиџот на романскиот спорт, реши да го награди постигнатиот труд на легендарната ракометарка.
Министерот за млади и спорт, Еудард Новак, во изјава за „Sportului“ истакна дека спортистите кои оставиле голем белег во романскиот ракомет заслужуваат ваква чест.
„Ова е еден посебен проект, дури и за мене, бидејќи доаѓам од спортот и знам колку се важни и мотивацијата и препознатливоста. Децата заслужуваат примери, а спортските херои заслужуваат чест. Тоа е чекор кон нормалноста, кој ќе го следат и други, заедно со сите оние кои сакаат да придонесат за дефинирање на нов идентитет за романскиот спорт. Затоа што спортот е важен и неговиот имиџ треба да се промени“.
Лекушану од 2016 година е избрана за член на Извршниот комитет на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Екс членката на Кометал ЃП во 2018 година беше кандидат за претседател на романската ракометна федерација, но ја загуби битката против актуелниот претседател, Александру Деду.