Романската екипа, Дунареа Браила е решена следната сезона да се вклучи во трката за домашната шампионска титула.
Клубот каде што игра македонската репрезентативка Јована Саздовска, беше активен на трансфер пазарот и во своите редови донесе одлични засилувања.
Деветтото засилување во екипата е репрезентативката на Норвешка, Аманда Куртовиќ. Веста за нејзиното доаѓање во Романија и официјално беше потврдено на клупската страна на нејзиниот нов клуб.
Норвежанката на почетокот на оваа година си замина од Ѓер поради несогласувања со тогашниот тренер, Габор Дани и последните пет месеци ги помина во Кастамону од Турција.
Во клубот освен Аманда Куртовиќ ќе пристигнат и двете поранешни ракометарки на Вардар, Маиса Песоа и Дајана Пирес Да Роча, но и Ана Паула Родригес, Џесика Кинтино, Самара Да Силва и Сабина Јакобсен.