Македонската репрезентативка Јована Саздовска и нејзиниот тим Дунареа Браила се закитија со бронзениот медал во Купот на Романија.
Во полуфиналето, Дунареа Браила немаше шанси против силниот ЧСМ Букурешт и загуби со убедливи 35-26.
Во мечот за третото место, Дунареа Браила ја победи Глорија Бистрица со шест голови разлика, 32-26.
На лето македонската репрезентативка ја напушта Браила по три сезони и ќе заигра за трет тим од Романија по Магура и Дунареа, а тоа е Слатина.