Први на клупската сцена во новата година се појавија дамите во ЕХФ Купот. Македонија нема претставник во ова натпреварување, но има две македонски репрезентативки.
Јована Саздовска со германскиот Турингер славеше на гостувањето кај чешкиот Мост со 27-35, а нашата интернационалка даде два гола.
Елена Ѓорѓиевска со хрватската Подравка беше убедлива на домашен терен со романската Магура и победи со 38-26, а десниот бек постигна два гола.