Македонската репрезентативка Јована Саздовска и во следните две сезони ќе биде членка на романскиот тим Дунареа Браила.
Како што најави 24Ракомет пред месец и пол, после одличните партии оваа сезона, раководството и понуди нов договор на две години, кој беше прифатен од левото крило.
„Многу ми е драго што останувам во редовите на Бразила. Од првиот ден кога дојдов тука се чувствувам одлично. Задоволна сум со сè што успеавме да постигнеме со тимот во Лигата на Европа каде што успеавме да се надминеме во однос на потенцијалот кој го имаме со играчите со кои располагаме. Сепак, разочарана сум што загубивме бодови во првенството. За жал на крајот на сезоната не можев да му помогнам на мојот тим бидејќи заработив повреда од која сè уште заздравувам“, вели Саздовска.
Дунареа има големи амбиции за следната сезона, доаѓаат Песоа, Ана Паула Родригес, како и уште неколку врвни ракометарки, а Саздовска ќе биде важен дел од мозаикот.
Саздовска ја почна кариерата во тимот на Металург, а настапуваше и за екипата на Вардар. На меѓународна сцена настапуваше и во Турингер во Германија и во тимто на Магура Чиснадие од Романија.