Саздовска доби колешка од шампионот Валчеа

Јована Саздовска во новата сезона ќе биде дел од романскиот тим Дунареа Браила кој сака да игра важна улога во шампионатот.

Покрај македонското лево крило, во амбициозниот тим предводен од Невен Хрупец, доаѓа и организаторот на играта од шампионот Валчеа – Мадалина Замфиреску.

Претходно потпишаа црногорските репрезентативки, голманката Љубица Ненезиќ и бекот Сања Премовиќ, како и најдобриот стрелец од белоруската лига минатата сезона – бекот Марија Канавал.

ЧСМ Букурешт и Валчеа сигурно ќе имаат проблеми во новата сезона, со оглед на тоа што покрај Дунареа, се засилуваат и Глорија Бистрица, Глорија Бузау, а се чини дека трет фаворит за титулата е Баја Маре, која донесе 11 нови ракометарки.