Тимот на Слатина, каде што играат двете македонски репрезентативки – Јована Саздовска и Јована Мицевска, славеше на последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.
Слатина ја победи Униреа Слобозиа, каде што игра уште една македонска репрезентативка Сања Дабевска, со 43-25.
Најдобар стрелец на теренот во двете екипи беше левото крило Јована Саздовска, која дури 11 пати се запиша во листата на стрелци.
Втората лига во Романија почнува следниот викенд, а Слатина и Униреа на македонското трио е во истата група А, па ќе има најмалку уште две „мак пресметки“ оваа сезона.