Екипата на Дунареа Браила, во која настапува репрезентативката на Македонија, Јована Саздовска, во натпревар од 24.коло од шампионатот на Романија одигра нерешено против Крајова, 26:26.
Во најголемиот дел од натпреварот, екипата на Саздовска имаше резултатска предност, но во самиот финиш, домашниот состав успеа да направи камбек и да се надева на победа.
Саздовска беше меѓу најефикасните во својата екипа, постигна четири погодоци, од исто толку обиди, додека ракометарката од Норвешка, Аманда Куртовиќ, која го постигна голот за нерешен резултат, ја предводеше листата на стрелци во Дунареа Браила со осум погодоци.
На две кола пред крајот, Дунареа Браила се наоѓа на 9. позиција со 35 бода и доколку триумфира во последните два натпревари, ќе има голема шанса да дојде до подобра позиција на табелата.