Минатата недела беше официјализиран трансферот на Сандер Сагосен во норвешкиот Колстад, како и на уште петмина други ракометари.
Колстад не мисли да застане само на овие играчи, па веќе има подготвено уште една листа на можни засилувања.
Според „RTHandball“, на таа листа се наоѓа левото крило на бундеслигашот Кил, Руне Дамке.
Договорот на Дамке со „зебрите“ истекува на крајот на оваа сезона, а скандинавските медиуми тврдат дека има уште една „семејна“ причина за левото крило да се пресели во Норвешка.
Девојката на Сагосен, Хана Офтедал, е сестра на Стине Офтедал, која пак е во врска со Дамке. Дали овој трансфер ќе се реализира и целото семејство да се пресели во Скандинавија, останува да видиме во следниот период.
View this post on Instagram