Норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен се надева дека ќе биде дел од селекцијата на Мундијалот во Полска и Шведска.
За норвешката ТВ2, Сагосен потврди би можел да се врати на терените по повредата кон почетокот на декември, односно порано од предвиденото. Тоа значи дека ќе биде подготвен за СП и за дуелите со Македонија, Аргентина и Холандија.
„Се надевам и живеам со таа желба. Ако успеам, тоа ќе биде големм бонус за меене. Но сепак мора да бидеме реални и рационални кога ќе ја донесеме одлуката дали да играм или не. “, вели Сагосен.
На дуелот со Хамбург во минатата сезона од Бундес лигата, Сагосен заработи повреда на ногата и оштетени лигаменти, беше веднаш опериран, по која рехабилитацијата требаше да трае шест-седум месеци.
Тој беше опериран во август по вторпат за кратко време, откако стана јасно дека повредениот зглоб не стои во потребната положба.
Норвешка треба да го игра првиот натпревар на Мундијалот во Полска и Шведска против Македонија на 13 јануари, а потоа следуваат средбите со Холандија и Аргентина.